Top Sport

„Предавство“ на столетието: Кристијано Роналдо се понудил на Барселона?!

Кристијано Роналдо мина девет години во Мадрид носејќи го дресот на Реал. Португалецот освои четири титули во Лигата на шампионите на Бернабеу, одигра речиси 300 натпревари и постигна 311 голови.

По помалку од една деценија во Мадрид, тој се пресели во Јувентус во 2018 година, а минатата година се врати во Манчестер Јунајтед.

Роналдо заедно со Јунајтед се мачеше минатата сезона, „црвените ѓаволи“ не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, па сега сака да си замине. Во последните неколку недели беше поврзуван со Јувентус, Челси и со Баерн Минхен.

Но, шпанскиот весник „АС“ го открива „предавството“ на столетието. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата, ни помалку ни повеќе, туку во Барселона. Неговиот менаџер Жорге Мендеш се сретнал со претседателот на Барса, Жоан Лапорта и наводно го понудил својот клиент на каталонскиот клуб.

Барселона лани покажа интерес да го доведе Роналдо, но ништо не се случи. Можеби сега е вистинското време, особено доколку пропадне толку очекуваниот договор со Роберт Левандовски.

Сепак, и самите контакти и преговори на релација Барселона – Роналдо ќе предизвикаат многу емоции во Мадрид.

Scroll to Top