Марко Асенсио ќе си замине од Реал Мадрид како слободен играч на крајот на сезоната, откако ги одби понудените услови за нов договор од кралскиот клуб, тврди „Атлетик“.
Асенсио, кој освои 17 трофеи со Реал во седум години во клубот, меѓу нив и 3 титули од ЛШ, 3 од Ла лига, сакал да има поголема улога во клубот, и сега ќе ја побара среќата на друго место.
Во мај, Астон вила подготвуваа богат договор за шпанскиот репрезентативец, но за него се заинтересирани повеќе клубови од Премиерлигата, но и од Серија А.