Двајца играчи на Јувентус побарале да го напуштат клубот во јануарскиот преоден рок. Марио Манџукиќ и Емре Џан биле на овој начин го искажале незадоволството од одлуката на тренерот Маурицио Сари да не ги пријави за настап во Лигата на шампионите.
„Тоа ме шокира. Повикот со кој ми ја соопштија одлуката не траеше ниту една минута, не ми дадоа никакво објаснување“, рекол Емре Џан и дополнил.
„Лут сум и разочаран. Ќе разговарам со клупските челници кога ќе се вратам во Торино. Тренерот не беше искрен кон мене, да го знаев од претходно немаше повеќе да бидам во Јувентус“.
Репрезентативецот на Германија открил дека во летниот преоден рок поради Јувентус ја одбил понудата од Пари Сен Жермен.
По стапките на Емре Џан ќе тргне и Марио Манџукиќ, човек кој е миленик на навивачите, еден од капитените и незаменлив член на тимот кога тренер беше Масимилијано Алерги.
За Емре Џан покрај ПСЖ, ова лето, интерес имаше и кај Баерн Минхен, додека за Манџукиќ има интерес кај клубови од Катар и Кина, но според италијанските медиуми тој ќе се пресели во Премиер лигата, веројатно во Вест Хем.