Top Sport

Преку глава му е од ПСЖ – Вајналдум се враќа во Англија

Жоржињо Вајналдум, по само шест месеци ќе го напушти Париз, тврди „Скај спорт“. Репрезентативецот на Холандија ќе се врати во Премиер лигата.

Вајналдум, минатото лето, како големо засилување дојде во ПСЖ. Тој ја прифати богатата понуда на „светците“ и покрај тоа што беше пред портите на Барселона.
Некогаш еден од клучните играчи на Ливерпул, не успеа да се избори за место во тимот на ПСЖ. Најчесто се наоѓа на клупата за резерви, што само го зголемува неговото незадоволство.

Во Лига 1 настапил на 14 натпревари, четири натпревари одиграл во Лигата на шампионите.

Вајналдум се поврзуваше со својот поранешен клуб, Њукасл јунајтед, меѓутоа според „Скај спорт“, тој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Овој извор тврди дека прашање на денот е кога клубовите ќе го официјализираат овој трансфер.

Scroll to Top