Британската влада објави документ од 50 страници за опуштање на рестриктивните мерки во Велика Британија, што значи дека Премиер лигата може да се рестартира веќе на 1 јуни, на радост на сите љубители на фудбалот.
Водичот за излегување од „локдаунот“ е објавен во понеделникот попладне, како втора етапа од планот на премиерот Борис Џонсон, со што се дава простор фудбалот да се врати на стадионите (без публика) веќе следниот месец.
Останува нејасно дали навивачите ќе можат да се вратат на трибините до крајот на сезоната, бидејќи третата етапа од процесот вклучува отварање на објекти како кино-сали и фризерски салони, но и дава предупредување: „Објектите, кои по дизајн се полни со луѓе и каде што е тешко да се оддржува социјалното дистанцирање ќе останат затворени“.