Дваесетте клубови од Премиер лигата утре на видео-конференција ќе одлучуваат дали лигата ќе се рестартира на 20 јуни како последен чекор од „Проектот рестарт“, тврди британски „Индепендент“.
Се очекува 20-те клуба да гласаат потврдно за враќањето, откако денеска беше донесена одлука за втората фаза на тренинзите, овојпат со контакти. Клубовите биле убедени од успешниот рестарт на Бундеслигата дека е возможен фудбал и во пост-корона ерата. Токму успехот на Германците ги убедило и клубовите кои претходно биле против враќањето на фудбалот.
Со старт на 20 јуни тимовите би имале доволно време физички да ги подготват фудбалерите, нешто што беше голема пречка. Можно е плановите да се синхронизираат и со втората лига, Чемпионшипот за рестарт на ист датум.
Останува да се одлучи каде ќе се оддржуваат мечевите, со можност дел од мечовите со „висок ризик“ да се одиграат на неутрални стадиони. Исто така останува да се утврди дали 92-те преостанати меча ќе се даваат на бесплатните ТВ-мрежи.