Top Sport

Премиерлигашите се враќаат на тренинзи на 9 мај?

Клубовите од Премиер лигата планираат да се вратат на тренинзи на 9 мај, и веќе им соопштиле на своите фудбалери да бидат подготвени да се вратат на работа, јавува биртанскиот „Сан“.

Премиер лигата официјално е „суспендирана“ на неопределено време поради пандемијата на корона вирусот, која се прошири и во Велика Британија, и одлуката за продолжување на лигата ќе зависи од владините препораки. Засега, Британија е во „локдаун“ до 7 мај, кога ќе се разгледа какви ќе се понатамошните мерки, но според „Сан“, Премиер лигата добила „условно“ зелено светло да се рестартира лигата во средината на јуни без присуство на гледачи.

„На фудбалерите им е соопштено дека во средината на јуни ќе се почне со натпреварите, и сите клубови прават подготовки да се вратат на тренинзи во средината на мај“, вели изворот на „Сан“.

Се очекува Премиер лигата да се врати како „ТВ-настан“, без присуство на гледачи и со мечеви на „Вембли“ во Лондон, каде што би се играле четири меча дневно.

Scroll to Top