Top Sport

Премиерлигата ќе продолжи на 8 јуни

Анлиските клубови се согласиле сезоната во Премиерлигата да продолжи на 8 јуни. Според медиумите, одлуката која ја поддржале сите, официјално ќе биде потврдена утрешниот состанок.

Фудбалерите наредниот викенд ќе бидат тестирани на коронавирусот, а потоа планот е на 11 мај да започнат со тренинзи во помали групи, а со нормални тренинзи да започнат на 18 мај.

Клубовите ќе добијат три недели за подготвики пред да биде продолжена сезоната.

„Премиерлигата се враќа на 8 јуни. Оваа одлука едногласно е изгласана анонимно. Никој не бил против“, потврдил легендарниот фудбалер Гери Невил кој работи како коментатор на „Скај Спортс“.

Кога ќе продолжи сезоната натпреварите ќе се играат без публика.

Scroll to Top