Top Sport

Три клуба преговарале со Тимо Вернер

Тимо Вернер во досегашниот тек од сезоната за Лајпциг има постигнато 21 гола. Ова е доволна препорака за неколку богати европски клубови да стапат во контакт со неговиот менаџер. Италијанскиот новинар Ди Марзио тврди дека два клиба од Италија и еден од Англија ќе се борат за неговиот потпис, додека од трката отпаднале Барселона и Баерн Минхен.

Лајпциг не сака, но ова лето ќе мора да го продаде својот најдобар играч. Вернер има договор до наредното лето, поради што претстојниот преоден рок е последна шанса за клубот да заработи од неговата продажба.

Интер биле подготвени да платат колку што треба, но само под услов Лаутаро Мартинез да замине во Барселона. Антонио Конте сметал дека Германецот би бил идеална замена за Лаутаро.

Јувентус се во потрага по напаѓач бидејќи Гонзало Игуаин ќе замине од клубот. „Старата дама“ бара партнер во нападот за Кристијано Роналдо.

Според шпекулациите најголеми шанси да го донесе Германецот има Ливерпул, каде тренер е Јирген Клоп. Но и тука постои еден услов, Ливерпул треба да продаде еден играч од нападот, најверојатно тоа ќе биде Садио Мане, за да отвори простор за Вернер.

Scroll to Top