Асоцијацијата на премиерлигашки судии (ПГМОЛ) по третпат оваа сезона им се извини на Брајтон откако тие не добија „чист“ пенал на мечот со Тотенхем во саботата.
Судијата Стујарт Атвел не досуди пенал, а ВАР не интервенираше кога Пјер-Емил Хојбјерг го згазна Каору Митома во шестнаесетникот во моменти кога резултатот беше 1:1, за потоа Тотенхем да стигне до 2:1 победа. ПГМОЛ признава дека инцидентот требал да биде казнет со пенал и му понуди извинување на тимот на Роберто де Ѕерби.
Тоа не беше единствена одлука која беше на штета на Брајтон во саботата навечер – два гола им беа поништени поради играње со рака, а трипати бараа пенал кој не беше досуден. Покрај тоа, Де Ѕерби доби црвен картон по лутата расправија со Кристијан Стелини, привремениот менаџер на Тотенхем.
Ова е третпат Брајтон да добијат вакво извинување – откако не му беше покажан црвен картон на Фабињо од Ливерпул во меч од ФА купот и за некоректна офсајд-одлука против Кристал палас.
PGMOL have been in touch with Brighton to admit Hojbjerg’s tackle on Mitoma should have been a penalty.
— Football Tips (@footballtips) April 9, 2023