Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи кога ќе започне и кога ќе заврши летниот преоден рок. Трансфер пазарот во Македонија ќе започне на 15 јуни и ќе заврши на 31 август.
„Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите засегнати страни дека согласно Одлуката на У.О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020. година“, објави ФФМ на својата интернет страница.
Инаку ФФМ минатата недела ја прекина сезоната 2019/2020, откако во два клупа од Првата лига имаше вкупно шестмина позитивни на коронавирусот.
фото/ fkvardar.mk