Преодниот рок оваа година ќе започне на 1 септември. Пандемијата на коронавирусот предизвика и промени во летниот трансфер период.
Италијанските медиуми објавија дека преодниот рок ќе започне на 1 септември и ќе трае до 5 октомври.
Во периодот од 30 јуни до 1 август клубовите ќе можат да преговараат со играчите, но нема да можат потпишуваат договори.
Во периодот од 1 август до 1 септември клубовите ќе можат да потпишуваат договори со слободните фудбалери.