Top Sport

Пресврт, Милимковиќ-Савиќ ќе остане во Лацио

Нова епизода во сагата околу трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ се случила вчера, кога италијанските медиуми објавија дека тој и наредната сезона ќе остане во Лацио.

Српскиот репрезентативец е интересен за неколку европски великани, меѓутоа Лацио нема намера да го пушти за сума помала од 150 милиони евра.

Поради тоа, според италијанските медиуми, Милинковиќ-Савиќ бил подготвен да остане во Лацио и наредната сезона. Тој би потпишал нов договор со клубот, според кој би добил три милиони евра, што е двојно повеќе од неговата досегашна плата, а клубот немало да му прави проблем откако ќе заврши сезоната, да замине и за сума помала од 150 милиони евра.

Најдобриот играч на Лацио има договор со клубот кој истекува во јуни 2022 година.

Според шпекулациите во моментов овој фудбалер е интересен за ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед и Јувентус.

Scroll to Top