Top Sport

Пресврт на годината – Емполи од 0:2 за осум минути до 3:2 победа над Наполи!

Шансите на Наполи да останат во борбата за скудетото оваа сезона се практично завршени, откако имаа неверојатен „колапс“ на „Карло Кастелани“ во Емполи, пропуштајќи предност од 0:2 за само осум минути за 3:2 пораз по кој останувааат на седум поени од првото место на Интер.

Дрис Мертенс во финишот на првото полувреме ги донесе гостите во водство, а кога Лоренцо Инсиње зголеми на 0:2 во 53. минута, се наѕираше крај на лошата серија на „партенопеи“ и враќање во борбата со миланските клубови за титулата.

Но, во Емполи не мислеа така. Шкотланѓанецот Лајам Хендерсон во 80. минута намали на 1:2, по што на сцена стапи Андреа Пинамонти со голови во 83. и 88. минута за неверојатна победа на домаќините и прекин на низата од пет меча без победа.

СЕРИЈА А, 33.КОЛО

Емполи – Наполи 3:2

Болоња – Удинезе 2:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top