Top Sport

„Меси не е Роналдо, тој не може да игра во Премиерлигата“

По неодамнешните несогласувања на Лео Меси со членови од Управата на Барселона, шпанските медиуми почнаа да пишуваат дека можно е Аргентинецот да се пресели во Премиерлигата, во Манчестер Сити.

Сепак, екс-фрнцускиот фудбалер, Емануел Пети кој своевремено настапуваше за Барселона, но и за Арсенал смета дека Аргентинецот не е за во Премиерлигата.

„Искрено, мислам дека Меси не би можел да се навикне на интензитетот на играње во Премиерлигата. Не сака кога ќе се затвори и кога некој ќе му „дише во врат“. Во Шпанија ужива заштита од судиите. Знам дека навивачите би сакале да го видат во дресот на Сити, но не разбирам зошто клуб за толку многу пари би донел играч кој има 32 или 33 години. Ако го сакале Сити требало да се обиде да до доведе пред 3 години, сега е доцна. Меси не е машина како Кристијано Роналдо кој и со 35 години доминира. Роналдо е животно, а Меси во нозете има уште најмногу 2-3 сезони на врвно ниво. Сигурен сум дека и тој знае дека крајот е блиску“ – рече Пети.

Scroll to Top