Top Sport

Претседателот кој го донесе Роналдо во Ал-Наср си поднесе оставка

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Наср, Мусали Ал-Муамар си поднесе оставка по разочарувачкиот финиш на сезоната и покрај тоа што успеа да го донесе Кристијано Роналдо како спектакуларно засилување.

Португалската суперѕвезда потпиша богат договор со Ал-Наср откако му беше раскинат договорот со Манчестер јунајтед во декември, а и покрај тоа што имаше неколку фантастични мечеви, формата на клубот драстично падна, а Роналдо веќе го „смени“ првиот тренер Руди Гарсија.

Поразот во дербито со Ал-Итихад го оддалечи клубот кој беше прв кога Роналдо пристигна од титулата од Саудиската Про лига, а тие веќе беа елиминирани во полуфиналето на Кралскиот куп од Ал-Вехда.

Scroll to Top