Top Sport

Претседателот на Еспањол очаен: Јас сум виновен што испаднавме!

Претседателот на фудбалскиот клуб Еспањол, Чен Јансенг ја презема одговорност поради испаѓањето на екипата од најквалитетното шпанско друштво. Синоќа Еспањол загуби со 1-0 од градскиот ривал Барселона и со тоа и математички е второлигаш, првпат по 26 години.

„Драги навивачи на Еспањол, најголема одговорност за лошите спортски резултати оваа сезона имам јас. Поради тоа, сакам да упатам искрено извинување до навивачите и сите оние кои го сакаат овој клуб. Мораме да бидеме самкритични и да го анализираме направеното. Во истовреме, ќе продолжиме неуморно да работиме на развој на клубот“ наведе првиот човен кај Еспањол.

Сезоната е разочарувачка за помалиот клуб од Барселона, посебно ако се знае дека екипата минатата сезона во Ла лига ја заврши на седмата позиција и избори пласман во ЛЕ, првпат по 13 години.

Scroll to Top