Top Sport

Претседателот на ФА си даде оставка поради „неприфатлив јазик“ кон црните фудбалери

Претседателот на англиската Фудбалска асоцијација (ФА), Грег Кларк си поднесе оставка по бурните реакции откако користеше „неприфатлив јазик“ опишувајќи ги црните англиски фудбалери.

Кларк се извини за користењето на терминот „colored footballers“ (обоени фудбалери), при онлајн-состанок со британските пратеници, кои веднаш побараа негова оставка. 62-годишниот Кларк го замени Грег Дајк како претседател на ФА во 2016 година.

„Моите неприфатливи зборови пред парламентот штетеа на фудбалот и на сите кои играат, гледаат и го водат спортот. Жал ми е што ги навредив сите“, изјави Кларк.

Покрај овие коментари, Кларк беше под критики за тоа што тврдеше дека хомосексуалните фудбалери прават „избор“ и дека фудбалерките не сакаат кон нив да се шутира силно.

Scroll to Top