Top Sport

Претседателот на Лацио ја тужи „Ла газета дело спорт“

Лацио потврдија дека нивниот претседател Клаудио Лотито го тужи најпознатиот спортски весник во Италија, „Ла газета дело спорт“ за клевета.

Според весникот, Лотито се наоѓа пред дисциплинска постапка пред Италијанската фудбалска федрација (ФИГЦ) откако тврдел дека 2:0 победата на Јувентус над Интер пред паузата поради корона вирусот била „нелегална“.

„Доктор Клаудио Лотито го забележа написот во денешниот број на ’Ла газета дело спорт’ од авторот Себастијан Вернаца кој имаше намера само да го дискредитира. Слободата на информирање не значи дека е дозволено да се нарушува имиџот на луѓето. Кога се користи за исмевање или навредување, тоа мора да биде казнето. Затоа, адвокатите на д-р Лотито ќе бараат правна заштита“, се вели во соопштението на клубот.

Лацио е на само еден поен од Јувентус по одличната сезона која беше прекината од корона вирусот.

Scroll to Top