Top Sport

Мајнц со порака до Клоп: Помагај, потпиши веќе со Тимо Вернер

Германскиот бундеслигаш Мајнц го замоли својот поранешен тренер Јирген Клоп, конечно, да го однесе Тимо Вернер во Ливерпул, откако германскиот напаѓач постигна втор хет-трик против нив во неделата.

РБ Лајпциг со 5:0 ги „уништи“ Мајнц во текот на викендот, по што 24-годишниот Вернер стигна до 24 гола во 27 меча и тоа само шест месеци откако го имаше првиот хет-трик против Мајнц. Ова ги предизвика Мајнц преку Твитер да побараат „помош“ од Клоп.

„Клопо, ќе го земеш ли веќе?“, напишаа на Твитер.

Ливерпул се меѓу фаворитите за потписот на Вернер, покрај Барселона, Реал Мадрид и Челси, откако самиот Вернер ги нарече „најдобриот тим на светот“.

Хет-трик на неверојатниот Вернер, убедлива победа за „биковите“ (видео)

Scroll to Top