Top Sport

Најдобар момент во кариерата? Кога Роналдо го удри со глава!

Англискиот поранешен фудбалер, Ричард Хјуз вели дека најдобриот момент во неговата фудбалска кариера бил во 2007 година, кога како фудбалер на Портсмут добил удар со главата од Кристијано Роналдо, кој потоа доби црвен картон.

Хјуз влезе доцна во мечот да ја засили одбраната на Портсмут додека неговиот тим имаше 10 играчи, и на крајот успеаја да извлечат 1:1 реми. Фрустрацијата на Роналдо се покажа со глава, и Хјуз вели дека тоа останува најдобриот момент во кариерата.

„Да, тоа беше тривијален момент, безначителен дуел на Кристијано Роналдо, но еден од најдобрите моменти во кариерата. Не постигнував голови, така што морам да се сеќавам на други работи. Ако сретам некој кој не се сеќава дека играв во Премиерлигата, секогаш можам да им кажам дека еден од најдобрите на светот ме удри со глава“, вели Хјуз за „Сан“.

Тој објаснува дека менаџерот Сер Алекс Фергусон не бил задоволен, и тоа не поради црвениот картон.

„Сер Алекс Фергусон потоа изјави дека Роналдо не треба да се расправа со инфериорни фудбалери. Беше во право, јас сум инфериорен играч. Дали се навредив? Па, сега, 99 отсто од фудбалерите се инфериорни од Кристијано Роналдо, па тоа не ми беше проблем“, додава Хјуз.

Scroll to Top