Претседателот на Севилја, Хозе Кастро вели дека неговиот клуб е подготвен да земе уште еден скалп на престижен противник во финалето на Лига Европа со Интер во петок (21.00 часот), но посочува дека противниците имаат „двојно поголем буџет“.
„Веќе исфрливме три големи клубови досега, и сите имаа поголем буџет и беа поконкурентни од нас. Знаеме дека ќе биде тешко со Интер, но ова е наше натпреварување во кое се трансформираме и можеме да оствариме сè. Интер имаат двојно поголем буџет и имаат одлични резултати, но сакаме големи предизвици“, вели Кастро.
Севилја ги побдија Клуж, Рома, Вулверхемптон и Манчестер јунајтед во нокаут рундите откако беа први во својата група, а имаат дури пет титули од Лига Европа (2006, 2007, 2014, 2015, 2016).
„Добро знаеме какви се финалињата. Има многу поголеми клубови кои се подготвуваат за следната сезона, а ние гордо се бориме за трофеи“, додава Кастро.