Top Sport

Претседателот на Тотенхем е бесен на Баерн Минхен поради преговори зад грб со Хари Кејн

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е бесен на шефовите на Баерн Минхен. Причината за тоа е што работат зад неговиот грб и директно преговараат со напаѓачот Хари Кејн, без да добијат дозвола за тоа од лондончани, тврди „Билд“.

Според информациите, клубот од „Алијанц Арена“ го контактирал Хари Кејн и дури се договориле за условите под кои тој ќе потпише со баварскиот клуб. Во разговорите со напаѓачот активно учествувал и тренерот Томас Тухел.

Леви, сепак, воопшто не е задоволен од тоа што се случува, бидејќи двата клуба сѐ уште се далеку од договор за цената на играчот. Својот гнев го споделил со блиските и беше доста екстремен во коментарите, велејќи дека ќе го натера Баерн Минхен да „крвари“.

Тотенхем досега ја одби првата понуда на Баварците за Кејн која беше вредна 70 милиони евра. Се говори дека Тотенхем размислува да ја одбие и секоја следна понуда која се очекува да достигне и 100 милиони евра.

Леви би можел дури и да ги блокира разговорите со Баерн Минхен, бидејќи е лут и на Кејн што разговарал со Германците.

 

Scroll to Top