Top Sport

Ди Лоренцо потпишува нов договор со Наполи

Италијанскиот првак Наполи ќе го задржи репрезентативецот Џовани Ди Лоренцо и во наредните неколку години. Раководството на „наполитанците“ на десниот бек му нуди продолжување на соработката за нови пет сезони. Капитенот е подготвен да стави потпис на нова верност кон клубот од Неапол.

Ди Лоренцо и Наполи преговараа подолг период и, како што откриваат медиумите на Апенините, речиси сѐ е договорено за продолжување на соработката. Останува само уште да се официјализира договорот.

Наполи по 33 години го врати „скудетото“ под Везув, а Џовани Ди Лоренцо ја имаше честа прв да го крене шампионскиот пехар.

 

 

Scroll to Top