Карим Бензема и Кристијано Роналдо заедно одиграа стотина мечеви за Реал Мадрид, така што не чудеше нивната интересна интеракција на мечот Португалија-Франција, во кој двајцата постигнаа по два гола.
Најинтересен беше моментот од пред стартот на мечот, кога камерите ги фатија двајцата како се „смешкаат“, во ситуација која потсети на легендарната средба помеѓу Марко Ројс и Роберт Левандовски пред финалето на Германскиот куп во 2015 година.
Karim Benzema et Cristiano Ronaldo avant Portugal-France :#PORFRA #EURO2020 pic.twitter.com/k6PyTjUk7A
— Foot Mercato (@footmercato) June 23, 2021
По бурното прво полувреме, Роналдо и Бензема имаа време да си разменат неколку зборови и тоа гушнати. Пријателствата се чуваат.