Top Sport

Приказна на летото: Пред три години работеше во пекара, сега ќе игра во Премиерлигата

Вулверхемптон соопшти дека го доведе Матеус Нуњес од Спортинг Лисабон за сума од 45 милиони евра. Ова е рекордна сума за отштета што ја платил клубот, а 23-годишниот португалски играч за врска потпиша договор до 2027 година.

dobivaj vesti na viber

Нунес е третиот играч кој летово пристигна во соблекувалната на тимот чиј тренер е Бруно Лаге. Пред него пристигнаа играчот од средниот ред Гонкало Гуедеш од Валенсија и дефанзивецот Нејтан Колинс од Барнли. Сепак, најновото име во соблекувалната ја има и најинтересната фудбалска приказна.

Момчето кое порасна во фавелите на Рио де Жанеиро, идолизирајќи го Роналдињо, во Португалија и се придружи на мајка си и очувот кога имаше 13 години. Тој денес е одличен фудбалер, а пред само три години работеше во пекара и во слободно време играше фудбал, тренираше во академијата на Спортинг Лисабон и сонуваше дека ќе има голема кариера.

„Имаше моменти кога немавме што да јадеме, а мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Немавме топка, но јас и моите браќа игравме со чорапи, важно беше само да се тркалаат. Мајка ми до денешен ден вели дека не знае како успеавме да не израснам во крадец или дилер“, раскажува Нуњес.

Тој морал да работи за семејството да се прехрани.

„Работев во пекара околу пет-шест месеци. Доаѓав наутро затоа што тренинзите и натпреварите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа, а потоа морав да тренирам. Не можам да кажам дека беше лесно, немав возачка дозвола, па се будев наутро во пет часот, бидејќи на работа одев со велосипед“, се сеќава Матеус Нуњес.

Сега веќе не мора да се грижи за егзистенцијата, ниту тој, ниту неговото семејство.

Scroll to Top