Top Sport

Приказната за линискиот судија кој навистина ја сака ЛШ всушност е тажна

Италијанскиот линиски судија Лоренцо Манџанели беше најсреќниот човек на светот вчера кога беше еден од судиите на финалето на ЛШ помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен и не му пречеше тоа да го покаже пред милионската публика.

При излегувањето на стадионот „Луж“, Манџанели прво го допре најдрагоцениот трофеј во светскиот клупски фудбал, а потоа кога почна химната на Лигата на шампионите, тој застана со раката на срцето како да ја слуша италијанската химна. На крај, тој ја комплетираше вечерта со бакнувањето на својот медал кој го доби од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, но за волја на вистината истото го направи и главниот судија Даниеле Орсато.

Сепак, зад приказната на Манџанели има и тажна страна – тој само пред неколку месеци го загубил својот татко од корона вирусот и излезе со неговата фотографија во рацете.

Scroll to Top