Прилепчанец оствари неверојатна добивка на спортска од преку 500.000 евра. Тој во обложувалницата „Моцарт“ уплатил 910 денари, добивката му е нешто повеќе од половина милион евра.
Обложувачот од Прилеп во „Моцарт“ уплатил седум тикети, најголемата уплата му била 250 денари, а најмалата 40 денари. Вкупно уплати 910 денари, а заработил многу, многу, многу повеќе.
DOBIO SKORO 600.000 EVRA!!! Ovo je najveći dobitak u odnosu na ulog zabeležen u Evropi! https://t.co/p9Sb51kjRS pic.twitter.com/qftP9dn7jy
— Mozzart Sport (@MozzartSport) February 22, 2018
На еден од тикетите кои ги објави „спортски.мк“ се гледа дека обложувачот комбинирал натпревари од неколку првенства и кои се играни во последниот месец.
Последните две средби на тикетот се играни синоќа, на Севилја-Манчестер Јунајтед одиграл X2, a а на дуелот Шахтјор-Рома ја чекал опцијата два до пет гола.