Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Вајс ја одбрани титулата во халфпајп (видео)

Американецот Дејвид Вајс го освои златниот медал во Пјонгчанг во фристајл скијање, во дисциплината халфпајп.

Вајс го одбрани златото кое го освои пред четири години во Сочи, а најсјаното одличје во Пјонгчанг му ја донесе токата во третата серија за која доби оценка 97,20.

Неговиот сонародник Алекс Фереира со 96,40 бода го освои сребрениот медал, а третото место му припадна на тинејџерот од Нов Зеланд Нико Портеус.

16-годишниот Новозеланѓанец освои 94,80 бода.

Scroll to Top