Челници на ФИФА примиле повеќе милиони долари поткуп за гласовите кои биле пресудни домачинствата на СП во 2018 и 2022 година да им бидат доделени на Русија и Катар. Дека имало поткуп открива документ на јавниот обвинител во Бруклин.
Со години се шпекулира дека Русија и Катар со поткуп ги добиле домаќинствата ова е прв пат правосудните органи на една земја да тврди дека гласовите биле купени.
Неколку медиуми повикувајќи се на изјави на сведоци објавија дека челници на ФИФА биле платени за да го изберат Катар за домаќин на Мундијалот во 2022 година, а претходно и да ја изберат Русија во 2018 година.
Обвинителството во Бруклин обвини тројца челници на ФИФА и една компанија, тоа се Џек Варнер поранешен претседател на КОНКАКАФ, . Тој е обвинет дека примил пет милиони за да гласа за Русија.
Рафаел Салгуер поранеше претседател на Фудбалскиот сојуз на Гватемала и поранешен член на Извршниот одбор на ФИФА добил еден милион долари за да гласа за Русија.
За доделувањето на домаќинството за СП во 2022 година се наведува дека повеќе високи функционери на ФИФА примиле поткуп. Тука се споменуваат имињата на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил Рикардо Тешеира и поранешниот претседател на КОНМЕБОЛ Николас Леоз, кој почина во август 2019 година.
Истраги поврзани со корупција околу доделувањето на домаќинствата на СП во 2018 и 2022 година биле отворени во повеќе земји.
Американското обвинителство во вторникот обвини 45 лица кои биле дела од оваа афера.