Top Sport

Принцот ги „предаде“ Астон Вила и се фотографираше со Озил

Месут Озил изјави дека бил „почестен“ што добил шанса да се сретне со британскиот принц Вилијам и да му подари потпишан дрес на Арсенал на добротворната акција „Фудбал за мир“, иако Вилијам е познат како страствен навивач на второлигашот Астон Вила.

Озил се пофали на Инстаграм за шансата да се сретне со член на кралското семејство, пофалувајќи се со фотографијата.

„Ви благодарам за времето, ваше височество принц Вилијам. Беше вистинска чест да се сретнеме за проектот ’Фудбал за мир’“, напиша германскиот репрезентативец, кој претходно си направи проблеми за слична фотографија со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Проектот „Фудбал за мир“ е насочен кон следната генерација на младите лидери кои ја споделуваат страста за фудбалот за изградба на поцврсти заедници.

И Ердоган застана во одбрана на Озил!

Scroll to Top