Top Sport

Притисок кон неатрактивниот Јувентус: Сте чуле ли за „Алегри-бол“

Навивачите на Јувентус на социјалните мрежи реагираа со разочарување по 0:0 ремито на гостувањето кај Сампдорија, посебно со стилот на игра кој го преферира Масимилијано Алегри, најмногу поради дефанзивната игра и малкуте шанси за гол.

Коментаротот на „ЦБС спорт“, Матео Бонети ја почна дискусијата на социјалните мрежи со формацијата која ја користеше Алегри во стил на осмоаголник, што многумина го сфатија како главна причин зошто Душан Влаховиќ имааше само девет допири на топката и ниту еден шут на гол.

Алегри по мечот го критикуваше српскиот напаѓач.

„Тој не играше добро во првото полувреме, но беше подобар во второто. Мора да биде посмирен кога топката ќе дојде до него. Бевме подобри во нападот во второто полувреме, но мораме да го кренеме нивото“, изјави Алегри.

Во сабота Јуве ја пречекува Рома на Жозе Мурињо во „шоу на дефанзивен фудбал“.

Scroll to Top