Top Sport

Проблем за Баерн, Гнабри нема да игра против ПСЖ

Баерн, утре од 21 часот, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите,ќе го пречека ПСЖ. Ова ќе биде реприза на последното финале во Лигата на шампионите, во август, во Лисабон, победникот го реши голот на Кингсли Коман.

Баерн и ПСЖ, во различно расположение влегуваат во меѓусебниот дуел. Баварците, во домашното првенство го добија дербито со Лајпциг и си го отворија патото кон шампионската титула, додека ПСЖ им го препушти лидерското место на Франција на Лил, откако беа поразени од „Догите“.

Тренерите на двата тима, Ханси Флик и Маурицио Покетино, имаат големи проблеми со составувањето на тимовите.

Баерн и утре и во реваншот ќе биде без најдобриот светски фудбалер, Роберт Левандовски, а главоболки Флик има и поради Серж Гнабри. Репрезентативецот на Германија, од засега непознати причини го пропуштил утринскиот тренинг.

Прашање е кого Флик сега ќе стави во врвот на нападот, алтернативи се ветеранот Томас Милер и херојот од Лисабон, Коман.

Покетино тимот ќе го составува без болните од коронавирусот, Марко Верати и Алесандро Флоренци и повредените Мауро Икарди и Леандро Паредес.

Scroll to Top