Top Sport

ЕСПН му врачи отказ на Пол Пирс

Легендарниот кошаркар на Бостон Селтикс, Пол Пирс, добил отказ и повеќе нема да работи како стручен консултатнт на американската спортска мрежа, ЕСПН.

Пирс, работеше за ЕПСН, од 2017 година, кога стави крај на импресивната кариера. Мрежата реши да го отпушти, поради скандалот што го предизвика. Пирс, на социјалните мрежи, објави видео од забава на која игра покер во друштво на стриптизети и пуши марихуана.

Пол Пирс е десетти пик на драфтот во 1998 година. Дресот на Бостон го носел од 1998 до 2013 година, а потоа играч за Бруклин, Вашингтон и ЛА Клиперс.

Во 2008 година, заедно со Кевин Гарнет и Реј Аленс, ги предводеше Селтикс до шампионската титула.

Во кариерата постигнал 26.297 поени, тој е рекордер на Селтикс според бројот на постигнати тројки (1.578).

 

Scroll to Top