Стоперот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано ќе паузира неколку недели поради повреда, потврдено во средата неговиот клуб, Баерн од Минхен.
Французинот од почетокот на оваа сезона е најстандарден во тимот на Томас Тухел, во 10 натпревари на теренот мина 753 минути.
Повредата на Упамекан е дополнителен проблем за Баерн, бидејќи од претходно повреден е и Матијс Де Лихт, кој пропушти пет натпревари. Неговото враќање во тимот се очекува по репрезентативната пауза.
Упамекано ќе пропушти неколку важни натпревари, меѓу кои „класикерот“ против Борусија Дортмунд на 4. ноември, двомечот со Галатасарај во Лигата на шампионите и дуелите со Мајнц, Дармштад, Хајденхајм и Келн.
Французинот би можел да се врати во тимот на натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген на 29. ноември.