Top Sport

Проблем за Манчестер јунајтед, се повреди Расмус Хојлунд

Расмус Хојлунд ќе го пропушти саботниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам. Клубот соопшти дека, данскиот репрезентативец има повреда на мускулот и нема да биде на теренот во следните две до три недели.

Повредата на Хојлунд е голем удар за тимот на Ерик тен Хаг, кој имаше бројни проблеми со повреди оваа сезона.

Данецот ќе го пропушти натпреварот во ФА купот против Нотингем Форест и првенствените натпревари со Манчестер сити, Евертон и Шефилд јунајтед.

Хојлунд минатиот викенд постави рекорд, станувајќи најмладиот играч во Премиер лигата кој постигнал барем гол во шест последователни натпревари.

Оваа сезона тој е најдобар стрелец на тимот со 13 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.

Хојлунд на „Олд Трафорд“ пристигна минатото лето од Аталанта за 74 милиони евра.

Scroll to Top