Top Sport

Проблем за Њукасл: Исак ќе паузира уште два месеци

Најскапото засилување на Њукасл, Александар Исак, нема да може да игра уште најмалку два месеци, објави „Скај Спортс“. Напаѓачот заработи повреда на бутниот мускул за време на неговите ангажмани со репрезентацијата на Шведска на изминатите натпревари од Лигата на нации. Се очекуваше тој да се врати наскоро, но сега стана јасно дека тоа нема да се случи бидејќи повредата се влошила.

Исак повторно ќе биде достапен за Њукасл дури кога ќе продолжи шампионатот во Премиерлигата после Светското првенство, поточно за „Боксинг деј“.

Шведска не се пласираше на Светското првенство.

Scroll to Top