Top Sport

Проблем за САД, Пулишиќ заврши во болница

Повредата на Кристијан Пулишиќ фрли сенка на пласман на САД во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Американците со неговиот гол го победија Иран и се изборија за осминафинален натпревар со Холандија.

Иронијата да биде поголема Пулишиќ се повреди во моментот кога го постигна голот за победа. Издржа до крајот на првиот дел, но во вториот не се појави на теренот. Информациите од Катар говорат дека бил префрлен во локалната болница.

Селекторот Белхартер веднаш, по изборениот пласман во нокаут-фазата, откри каква е состојбата на Почишиќ.

„Сè уште немам информации подетални информации. Но, постојано го кажувам тоа, убаво е што еден од нашите најдобри играчи даде толку многу за овој тим, што работеше толку напорно за да го постигне голот. Има толку многу добри работи можам да кажам за Кристијан. Превентивно е во болница, се жали на вртоглавица. Доживеа тежок удар во пределот на стомакот“.

Scroll to Top