Top Sport

Проблем за Зидан, Марсело нема да игра против ПСЖ

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, поради повреда на грбот ќе го пропушти гостувањето во Париз, кај Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Клубот објави дека дека Бразиелцот е повреден без да биде прецизирано колку време тој ќе отсуствува од фудбалските терени. Во отсуство на Марсело, место во тимот ќе добие Ферлан Менди. Поранешниот играч на Лион летово пристигна во Мадрид за сума од 48 милиони евра.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан покрај Марсело за утрешниот меч нема да може да смета на повредените Марко Асенсио, Иско и Лука Модриќ, односно суспендираните Серхио Рамос и Начо Фернандез.

Со големи проблеми се соочени и во Пари Сен Жермен бидејќи ударната тројка нема да игра против Реал. Единсон Кавани и Килијан Мбапе се повредени, а Нејмар е суспендиран.

Натпреварот на „Паркот на Принцовите“ се игра в среда д 21 часот.

Scroll to Top