Top Sport

Проблеми за Челси, се повреди Жиру

Фудбалерите на Челси, вчера, победија кај Кристал Палас (1:0), во последниот меч оваа година и се зацврстија на четвртата позиција во Премиер лигата. Победата на „сините“ има горчлив вкус бидејќи во текот на мечот се повреди Оливие Жиру.

Францускиот напаѓач на овој меч постигна два гола, двата му беа поништени поради офсајд, а се повреди при постигнувањето на вториот гол.

Жиру погоди со левата нога, но при ударот го повредил глуждот на десната нога.

foto: epa

По натпреварот тој бил забележан како со патерици го напушта стадионот на Кристал Палас.

Се уште не е познато колку време ќе отсустува од терените напаѓачот на Челси.

Scroll to Top