Репрезентацијата на Хрватска, утре во Ријека, ќе ја пречека Англија во Лигата на Нации, а селекторот Златко Далиќ се соочува со големи проблеми.
Далиќ за дуелот со Англичаните, кој на некој начин е реприза на полу-финалето од последното Светско првенсто, нема да може да смета на седум фудбалери.
Од разни причини најпрвин од составот отпаднаа Брозовиќ, Врсаљко, Баришиќ, Ловре Калиниќ, Чуп и Стриниќ, а денес на таа листа се приклучи и Сантини.
Поради отсуството на Сантини, хрватскиот селектор во тимот го повика Карло Бартолец од Нордсјеланд.
Дуелот Хрватска-Англија утре ќе започне во 20:45 часот.