Top Sport

Проблеми за Фиорентина – Рибери ќе мора да на операција

Фиорентина потврди дека Франк Рибери мора да оди на операција за „стабилизирање“ на скочниот зглоб и останува да се види колку францускиот ветеран ќе биде во аут.

„Франк беше на проверка денеска за да се утврди причината за болката која ја чувствува кога има одредени движење. За да може да се врати на теренот најбргу што може, ќе биде комплетирана мала операција“, велат од Фиорентина.

Рибери има 2 гола и 2 асистенции во 11 меча во Серија А оваа сезона, во која во последно време воопшто не му оди на тимот од Фиренца. Тој имаше лошо превитукување на ногата на 1 декември и веќе пропушти два меча.

Scroll to Top