Top Sport

Проблеми за Нагелсман, ѕвездите на Баерн негодуваат за малата минутажа

На тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман не му е лесно да ја одржува хармонијата во соблекувалната полна со ѕвезди. Според германскиот „Спорт1“, големиот ростер на играчи веќе прави проблеми.

По победата на Баерн Минхен во Милано против Интер (0:2), наголемо се зборува дека неколку играчи се многу незадоволни од својот статус во тимот.

Германскиот репрезентативец Леон Горецка е крајно незадоволен од својот статус во тимот. Серж Гнабри и Џамал ​​Мусијала, на пример, по краткото појавување пред новинарите, се повлекоа кон автобусот без збор, како и новодојдените Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи.

Нагелсман пред мечот во Милано изјави дека ретко има индивидуални разговори со резервните фудбалери непосредно пред или по објавувањето на составот што ќе игра. Неговото оправдување е дека тоа „обично не води никаде, тие играчи секако се исклучуваат затоа што не играат“.

Вакви проблеми во Баерн Минхен имаше и Нико Ковач, а потоа Ханси Флик успеа да наметне авторитет и да ја смири тензијата.

Scroll to Top