Top Sport

Проблеми за Солари, во Виго се повредиле Каземиро и Начо

Многу главоболки и покрај тоа што Реал ја победи Слета 4:2, му донесе гостувањето на „кралскиот клуб“ во Виго, на тренерот Сантијаго Солари. На „Балаидос“ со повреди се здобија Каземиро и Начо.

Каземиро, во Виго, одигра само 18 минути, додека Начо се повреди во финишот на мечот. Лекарскиот тим на Реал објави дека Каземиро ќе паузира три недели, додека Начо нема да биде во екипата во наредните два месеци.

„Селта играше агресивно, на граница на дозволеното. Каземиро мораше да излезе, а Герет Бејл вложи голем напор за да остане до крајот на теренот. Доби удар кој му задаваше големи проблеми“, рекол по мечот тренерот Солари.

Каземиро и Начо им се приклучија на Марсело, Рафаел Варан и Хезус Валјехо, кои исто така се повредени.

Scroll to Top