По изненадувачката колективна оставка на Андреа Ањели и на целиот борд на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб се наоѓа во криза во период додека трае паузата во шампионатот, а главната причина се финансиските проблеми на тимот, како и „скриените“ исплати на фудбалерите, кои се закануваат да го исфрлат тимот од Серија А.
Минатиот месец, италијанската финансиска полиција најде таен документ меѓу Кристијано Роналдо и Јувентус, добиен по прислушувањето на телефоните на директорите на клубот, и според „Ла газета дело спорт“, сите проблеми на Јуве почнале кога решија да го донесат Кристијано Роналдо во тимот.
„Бјанконерите“ платија 117 милиони евра да го донесат Португалецот од Реал Мадрид во јули 2018 година, верувајќи дека тој ќе биде клучен играч во потрагата по титулата во Лигата на шампионите. Роналдо постигна 101 голови за Јуве во 134 настапи, но не само што не се стигна до трофејот во ЛШ, туку и Јуве ја загуби доминацијата во Италија, пред да замине во Манчестер јунајте за 17 милиони евра во 2021.
Според италијанските медиуми скриениот договор предвидувал Роналдо да добие 19.9 милиони евра, а тоа не било забележано во сметководството на клубот по што јавниот обвинител во Торино побарал објаснување од Роналдо, кое не го добил. Според „Газета“, токму парите за купувањето на Роналдо и неговата висока плата била причината што Јувентус ги „лажирале“ документите за „капитален приход“ во тимот во 2019, 2020 и 2021, а секако, не помогна ниту пандемијата на КОВИД-19, која драстично ги намали приходите на тимот.
A key figure in Juventus’ recent financial issues is five time Ballon d’Or winner Cristiano Ronaldo, whose high profile move to Turin set in motion the problems the club currently face. https://t.co/ZZSQHn2Lg4 #Ronaldo #CR7 #Agnelli #Juventus #SerieA #Calcio
— footballitalia (@footballitalia) November 29, 2022