Top Sport

Гвардадо контра Канело за заканата кон Меси: Молчи, кога не знаеш што се случува во соблекувалната

Мексиканскиот фудбалер од средниот ред, капитенот Андрес Гвардадо го нападна својот славен сонародник, боксерот Саул „Канело“ Алварез кој му се закани на Лионел Меси по поразот од Аргентина поради тоа што тој наводно го „газел“ дресот на Мексико.

„Тој подобро да се моли на Господ да не го најдам“, напиша Канело на социјалните мрежи, но доби стотици одговори дека сите дресови (вклучувајќи ги сопствените) одат на подот по секој меч.

Гвардадо, чиј дрес беше на подот, исто така имаше порака за боксерот.

„Сите знаеме каква почит покажува Лео Меси кон секого. Канело не знае како функционираат работите во фубалските соблкувални. Тоа што го кажува се обични глупости“, изјави Гвардадо.

Во 2018 година, Гвардадо имаше шанса уште еднаш да покаже каква личност е Меси, кога со неговиот син отиде да побара фотографија со Аргентинецот.

Кога синчето на Гвардадо го сретна својот херој Меси (видео)

Гвардадо: Како тоа имам 20 фотки со Меси, а топката ниту еднаш не е кај мене!

Scroll to Top