Матијас Де Лихт долго време беше на радарот на Барселона, медиумите беа сигурни дека тој кариерата ќе ја продолжи на „Ноу Камп“, меѓутоа пред крајот на преодниот рок тој реши да ја прифати понудата на Јувентус.
„Мундо Депортиво“ тврдат дека нема вистина во тврдењата дека Де Лихт ја одбил Барселона, туку дека и во клубот се премислувале околу трансферот бидејќи им пречело однесувањето на фудбалерот.
„Барселона смета дека најголем проблем на Де Лихт е неговата ароганција. Не сметаат дека тоа е целосно негативно, бидејќи веруваат дека арогантниот став му помага на фудбалскиот терен. Неговиот карактер се разликува од карактерот на Де Јонг. Де Лихт не сакал да слушне дека ќе седи на клупата, иако во клубот веќе има одлични играчи на неговата позиција“, пишува весникот.
Откако Барселона се повлекоа од трката за 19 годишникот Јувентус на Ајакс им платија 75 милиони евра за неговиот трансфер.