Клуб од германската четврта лига, Локомотива Лајпциг, има генијална идеја како да собере пари кои му се неопходни на клубот за да ја преживее финансиската криза што настана со пандемијата на коронавирусот.
Локомотива Лајпциг, порано ВФБ Лајпциг е првиот шампион на Германија, во 1903 година. Клубот постои 126 години, а најголемиот успех го постигнал во 1987 година кога во Купот на Куповите. Ајакс тогаш со голот на Марко ван Бастен славел 1:0.
Германскиот клуб закажал имагинарен натпревар на 8 мај. Билетите се пуштени во продажба на 19 март, а според информациите од клубот досега биле продадени 112.000 билети. Билетите се продаваат по цена од едно евро.
DIE DRITTE ZUSATZTRIBÜNE STEHT! ??
Die dritte Tribüne in Probstheida steht. Natürlich wurde bei der Konstruktion die seit 1922 stehende Holztribüne mit eingearbeitet.
Aktueller Stand (7.4., 18 Uhr): 111.530
? https://t.co/ExU50gMKqY#leipzig #fußballpur #lokleipzig pic.twitter.com/Gt0tLk7Hb0
— 1. FC Lok Leipzig (@1fclokleipzig) April 7, 2020
Целта на клубот била да продадат 120.000 билети колку што имало гледачи во полу-финалето против Бордо во во Купот на Куповите во 1987 година.
Од клубот засега во тајност го држат името на имагинарниот противник.
Инаку оваа сезона најмногу гледачи Локомотива Лајпциг имале на мечот против Енерџи Котбус (4.498). Клубот во просек од еден натпревар заработува по 30.000 евра.