Top Sport

Продолжи „црната“ серија за Атлетико – паднаа кај Гранада!

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид очигледно е во голема криза, откако го забележаа неверојатниот четврти пораз во низа во шпанската Ла лига, „паѓајќи“ со 2:1 кај Гранада, пораз кој ги остава на петтото место на табелата со дури 14 поени заостанување зад градскиот ривал и лидер, Реал Мадрид.

А, мечот почна совршено за тимот на Диего Симеоне – Жоао Феликс уште во втората минута им донесе водство. Меѓутоа, андалузискиот клуб се врати веќе во 17. минута, кога Дарвин Мачис израмни на 1:1, пред трите поени да им ги обезбеди Хорхе Молина во 61. минута од мечот по асистенција на Луис Суарез (не Уругваецот, кој по конфликтот со Симеоне стартуваше, но беше повлечен во 67. минута).

Гранада сега се на 12. место на табелата со 22 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top