Top Sport

Мициќ ја стопираше Звезда во луд финиш во Истанбул

Шампионот од Евролигата, Анадолу Ефес стигна до драматична 84:83 победа над Црвена звезда, откако српскиот клуб пропушти голема шанса за победа – на 10 секунди пред крајот Никола Калиниќ утна шанса да примора барем продолжение, пред Василије Мициќ сигурно со две слободи фрлања на 0.9 секунди пред крајот да обезбеди победа.

Тимот на Ергин Атаман имаше подобар старт на мечот, но до крајот на првото полувреме, Звезда се врати  со 9:0 серија за да прејдат во водство, кое го заддржија на полувреме (46:43). Второто полувреме почна уште подобро за гостите за да направат +9 предност, но Мициќ во последната четвртина беше на висината на задачата и го доближи својот тим на -1 поен, за на крајот да има драматична завршница.

Scroll to Top